Imagine dining in a European capital where you do not know the local language. The waiter speaks little English, but by hook or by crook you manage to order something on the menu that you recognise, eat and pay for. Now picture instead that, after a hike goes wrong, you emerge, starving, in an Amazonian village. The people there have no idea what to make of you. You mime chewing sounds, which they mistake for your primitive tongue. When you raise your hands to signify surrender, they think you are launching an attack.
Communicating without a shared context is hard. For example, radioactive sites must be left undisturbed for tens of thousands of years; yet, given that the English of just 1,000 years ago is now unintelligible to most of its modern speakers, agencies have struggled to create warnings to accompany nuclear waste. Committees responsible for doing so have come up with everything from towering concrete spikes, to Edvard Munch’s “The Scream”, to plants genetically modified to turn an alarming blue. None is guaranteed to be future-proof.
Some of the same people who worked on these waste-site messages have also been part of an even bigger challenge: communicating with extraterrestrial life. This is the subject of “Extraterrestrial Languages”, a new book by Daniel Oberhaus, a journalist at Wired.
Nothing is known about how extraterrestrials might take in information. A pair of plaques sent in the early 1970s with Pioneer 10 and 11, two spacecraft, show nude human beings and a rough map to find Earth—rudimentary stuff, but even that assumes aliens can see. Since such craft have no more than an infinitesimal chance of being found, radio broadcasts from Earth, travelling at the speed of light, are more likely to make contact. But just as a terrestrial radio must be tuned to the right frequency, so must the interstellar kind. How would aliens happen upon the correct one? The Pioneer plaque gives a hint in the form of a basic diagram of a hydrogen atom, the magnetic polarity of which flips at regular intervals, with a frequency of 1,420MHz. Since hydrogen is the most abundant element in the universe, the hope is that this sketch might act as a sort of telephone number. | Замисли си дека вечераш во еден европски главен град каде што не го знаеш локалниот јазик. Келнерот малку зборува англиски, но како што знаеш и умееш, успеваш да нарачаш од менито некакво јадење што го препознаваш, јадеш и за коешто ќе платиш. А сега препушти ѝ се на фантазијата и место тоа, ќе залуташ при пешачење и одеднаш се појавуваш изгладнет во село крај реката Амазон. На луѓето таму не им паѓа напамет што да прават со тебе. Испушташ звуци како да џвакаш, а за кои тие помислуваат по грешка дека тоа е твојот примитивен јазик. Кога ги подигнуваш рацете да покажеш дека се предаваш, си мислат дека ќе ги нападнеш. Општењето без заеднички контекст е тешко. Па така, локации со радиоактивен отпад мора да останат непристапни во текот на десетици илјади години. Сепак, со оглед на тоа дека англискиот јазик од пред илјада години е денес неразбирлив за неговите денешни говорители, надлежните институции работеле напорно на создавање на предупредувачки пораки непосредно пред нуклеарниот отпад. Комитетите задолжени за оваа задача смислиле сѐ и сешто, почнувајќи од кули со бетонски шилци, преку сликата „Вресок“ на Едвард Мунх, па сѐ до генетски модифицирани растенија кои посинуваат во знак на предупредување. Ниеден од овие предупредувачки сигнали нема гаранција за успех во иднина. Некои од истите лица што ги изработувале овие предупредувачки пораки пред депониите со опасен отпад се соочиле со уште поголем предизвик: комуникација со вонземјани. Ова е тема на новата книга на Даниел Оберхаус „Вонземски јазици“, којшто работи како новинар во списанието „Вајрд“. Не знаеме ништо за тоа како вонземјаните восприемаат информации. На пар плочки испратени на почетокот на седумдесетите години со двата вселенски брода, „Пионер 10“ и „Пионер 11“, се насликани голи човечки суштества и груба мапа со цртеж како да се пронајде Земјата – сосема едноставни нешта, за кои може да се мисли дека дури и вонземјани би ги препознале. Бидејќи таквите предмети немаат повеќе од бесконечно мали шанси да бидат откриени, веројатноста радио-програмите од Земјата, коишто патуваат со брзината на светлината, да воспостават контакт е поголема. Но, така како што радиото на Земјата мора да биде вклучено на точната фреквенција, така мора да биде пуштено и она меѓуѕвезденото. Како тогаш вонземјаните случајно би наишле на точната фреквенција? Плочките на вселенскиот брод „Пионер“ пружаат мала помош во облик на основен дијаграм на водороден атом, чијшто магнетен поларитет се врти во редовни временски интервали, со фреквенција од 1,420 мегахерци. Бидејќи водородот е најраспространетиот елемент во универзумот, постои надеж дека овој цртеж ќе функционира како еден вид на телефонски број. |